Nouvelle Vague

koncert na francuski pop bend

Најпознатата француска група Nouvelle Vague, на радост на нивните обожаватели, ќе се претстават со најновото шоу "Dawn of Innocence". Исклучителено спектакуларно шоу, во режија на францускиот дизајнер Жан Шарл Ду Кастелбаджак, кој се погрижи за целиот визуелен концепт на шоуто, почнувајќи од костимите, сценографијата, осветлувањето...
Милионски распродажби на нивните албуми, илјадници распродадени концерти низ целиот свет и одлични женски вокали кои даваат набој на живите изведби, се главните карактеристики на Nouvelle Vague. Оригиналноста на Камил, елеганцијата на Мелон Пен, чуствителноста на Фиби и лудилото на сцената на Миранда, ја доведуваат публиката до екстаза. Новите две членки на бендот Лизет и Марвена, само ја надополнуваат шикозната естетика што владее во бендот.

26 Ноември 2012, Понеделник
Сала 3, Националниот Дворец на Културата, Софија, Бугарија
почеток 19:30

Цените на билетите ќе бидат објавени наскоро.