Нокаут

Карти во продажба

После 20 години- Нокаут и Авалон се враќаат на исто место! 

Големо е задоволството кога во годината на јубилеи констатираш дека има уште еден јубилеј.

 Па така со реално јак повод каков што е нов албум на групата, НОКАУТ и Авалон Продукција после 20 години се враќаат на местото каде што Нокаут го одржа првиот голем концерт во СРЦ кале, во организација токму на Авалон Продукција.

Како дата, средбата помеѓу Нокаут и огромниот број на нивни фанови е избрана 23- ти ноеври во СРЦ Кале.

Ве информираме дека прецизирани се сите детали околу цените на влезниците

ПАРТЕР- 500 денари

ФАН ПИТ- 800 денари

 ТРИБИНИ- 800 денари

 

 НОКАУТ и Авалон се враќаат на "местото на злосторот", на исто место како и пред две децении! Бидете дел од овој голем јубилеен концерт, гарантираме супер забава со нивните најголеми хитови!