Нина Бадриќ - Концертот е откажан!!!

nina badrik and daniel dannОрганизаторот на концертот најави дека закажаниот концерт на 08.04.2014. во Универзална сала, со почеток во 20.30 часот се откажува.
Сите иматели на купени билети се известуваат дека средствата дадени за истите можат да си ги рефундираат на продажните места од каде што ги купиле билетите со приложување на фискалната сметка.

Имателите на онлајн купени билети се известуваат дека повратокот на средствата можат да го побараат на емаил адресата contact@kupikartizase.com со назнака Рефундирање на средства, во содржината на емаилот треба да се напише бројот на нарачката и датумот на извршената трансакција.