Николај Лугански

Николај Лугански – пијано, Русија

Црква Св.Софија, 03.08.2018, 21:00 ч.

Цена на билет: 400 Денари

Николај Лугански критичарите го опишуваат како пијанист со исклучителна префинетост и чувствителност, со „кристална убавина“ во свирењето слична на онаа што ја имале големите Моцарт и Шопен, како и виртуозност која потсетува на Рахманинов и на Прокофјев. Студирал на Московскиот конзерваториум во класата на видни професори – Татјана Кестнер, Татјана Николаева и Сергеј Доренски. Во текот на својата кариера настапувал во некои од најпрестижните сали во светот „Wigmore Hall“ во Лондон, „Konzerthaus“ во Берлин, „Théâtre des Champs-Elysées“ во Париз, Големата сала на Московскиот конзерваториум, Големата сала на Филхармонијата на Санкт Петерсбург и други, а соработувал и со некои од најзначајните оркестри: Лондонскиот филхармониски оркестар, Чешката филхармонија, Рускиот национален оркестар, Фестивалскиот оркестар на Будимпешта, Симфонискиот оркестар на Сан Франциско, Филхармонијата на Санкт Петерсбург и др. Освем како солист, Лугански настапува и како камерен музичар со изведувачи како: Миша Мајски, Вадим Репин, Александар Књажев. Чест гостин е и на некои од најпознатите фестивали во светот, меѓу кои со  циклусот концерти „The Proms“ одржани  во Лондон, Интернационалниот пијано фестивал во Ла Рок Дантерон, Франција, Музичкиот фестивал во Раингау, Германија, Интернационалниот фестивал во Единбург, Шкотска и многу други, а се јавува и како уметнички директор на фестивалот „Рахманинов“ во Тамбов. Добитник е на многубројни награди и признанија, меѓу кои и „Уметник на народот на Русија“ во 2013 година.

Програма:

Клод Дебиси (1862-1918): Бергамаска суита 

    Prélude

    Menuet

    Clair de Lune

    Passepied

  L’isle Joyeuse

  пауза – 

Александар Скрјабин (1871-1915): Соната за пијано бр. 2, оп. 19 

    Andante

    Presto

Сергеј Рахманинов (1873-1943): Прелудиуми оп. 32 

    Moderato

    Allegro appassionato

    Moderato

    Vivo

    Allegro moderato

    Lento

    Allegretto

    Allegro

    Grave – Allegro