Никита Борисо - Глебски

Никита Борисо - Глебски, виолина (Русија)
Милош Поповиќ, пијано (Белгија)

Програма: Брамс, Дебиси

06 Август 2012, Св. Софија, почеток 21 часот

koncert na pijano i violina

Никита Борисо - Глебски, по дипломирањето на Конзерваториумот "Чајковски" во Москва, во класите на професорите Едуард Грач и Татјана Беркул, станува резидент артист на Chapelle Musicale Reaine Elizabeth во Белгија. Иако млад, овој уметник досега има добиено највисоки признанија на престижните светски натпревари.

Милош Поповиќ на 11 години ја освојува Втората награда на натпреварот за млади пијанисти "Артур Рубинштајн" во Париз, а потоа на 12 години ја освојува и Првата награда на истиот натпревар. Во 2004 година станува лауреат на Белгиската фондација на малди солисти.

Цената на билетите изнесува 300 денари.