NICKY ROMERO and LOST FREQUENCIES
Огромно задоволство ни е да Ви најавиме дека белгискиот хитмејкер Lost Frequencies ќе биде специјален гостин на спектакулраниот диџеј сет на Nicky Romero, на 1ви август, ден спроти најголемиот национален празник Илинден, во Охрид.
Поради големината на проектот, одлучивме двајцата топ диџеи на Tommorowland фестивалот да настапат на градскиот стадион „Билјанини извори“ во Охрид, со голема продукција, по сите светски стандарди.
Творецот на двата најголеми летни хита „Are you with me“ и „Reality“ кои ги покорија речиси сите светски топ листи, за прв пат ќе настапи пред македонската публика со специјален 90 минутен сет. Станува збор за хитови кои заедно бележат преку 200 милиони прегледи на Youtube и се наоѓаат меѓу десетте најслушани песни изминатата година, според податоците од сервисите Shazam, Spotify..., каде што белгискиот продуцент Felix De Laet (како што му е полното име) се најде во друштво со хитмејкерите како што се Wiz Khalifa, Ellie Goulding, Kygo и Feder.
Ова несомнено ќе биде настан за паметење и уникатна музичка авантура за сите фанови од Македонија и од Балканот- Nicky Romero и Lost Frequencies на 1ви август во Охрид.
Билетите кои ќе можете да ги набавите на сите продажни места на Купи Карти За Се како и онлајн, ќе се движат по цени од 700 денари за ПАРТЕР и 990 денари за ФАН ПИТ и 1500 денари за ВИП.
Поради големината на проектот, одлучивме двајцата топ диџеи на Tommorowland фестивалот да настапат на градскиот стадион „Билјанини извори“ во Охрид, со голема продукција, по сите светски стандарди.
Ова несомнено ќе биде настан за паметење и уникатна музичка авантура за сите фанови од Македонија и од Балканот- Nicky Romero и Lost Frequencies на 1ви август во Охрид.
Не пропуштајте!