НЕ МИ ГО ЧЕПКАЈ ПИВОТО
ПРЕМИЕРА на театарската претстава “НЕ МИ ГО ЧЕПКАЈ ПИВОТО”
27.07.2020 (понеделник)
локација: Куршумли Ан
почеток: 20:30 часот
Претстава за тројца патници кои во недостиг на вистинска љубов бараат љубов што не е вистинска.
Еротика. Љубовни интереси. Соголување. Пиштол. Секс. Дрога. Пари. Власт. Моќ. Страст. Лага.
Од се по нешто во нешто што е измрдано и не вреди, но постои и ќе го видиме. - Ѓорѓи Ризески
Претставата „НЕ МИ ГО ЧЕПКАЈ ПИВОТО!“ е авторски текст на актерите и режисерот инспириран по текст на Армуш Бериша Бели. Оваа театарска комедија е можност за љубителите на уметноста и театарот (низ многу смеа и позитивни вибрации) да ја согледаат сликата за луѓето во “градот”.
Инспирацијата актерите ја црпат од секојдневието кое го живеат, сведочат и од себе го вадат тоа што го сакаат за ликовите. Сите ликови носат своја комплексност за илузиите и стравовите на ова време. Станува збор за современа тематика за која денес слободно може да кажеме дека е модерна.
Режисер: Ѓорѓи Ризески
Актери:
Јулија - Надица Петрова
Срџан- Давид Илиќ
Слободан - Бобан Алексоски
Кореограф и сценски движења: Ирена Лозинска
Асистент режија: Тамара Стојаноска
Сценограф: Мартин Манев
Дизајн на плакат: Александра Таушанов и Владимир Димковиќ
Камера и монтажа на видео: Доан Доѓан
Благодарност до Марко Илиќ, Мартин Манев, Драган Димковиќ, Воислав Пехчевски
Генерален спонзор на претставата - „КОЖУВЧАНКА“ (Lifer Beer)
Продукција: ТЕАТАР „ЗЛАТЕН ЕЛЕЦ“ СКОПЈЕ
ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ПУБЛИКАТА:
Согласно објавените протоколи бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжитело ќе биде почитувањето на препорачаните мерки:
- носење заштитни маски,
- мерење телесна температура
- одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во
гледалиштето,
- дезинфекција,
- влезот на публиката ќе започне во 20:30 часот
Согласно Протоколите заради регулирањето и контрола на бројот на публика ќе се продаваат влезници по цена од 100 денари.
Влезниците за настаните ќе се продаваат онлајн преку: kupikartizase.com или во салонот на „Југотон“ во Градскиот трговски центар.
Skopsko Leto Skopje Кожувчанка LiferBeer