Не ме лечи докторе жити мајка!

hit komedija vo univerzalna sala

На 3ти Декември, со почеток во 20 часот, во Универзалната клиника (пардон сала) во Скопје, ќе се случи реприза на урнебесната вечер во која бате Саше Тасевски ќе ве насмее до солзи на тема пациенти, доктори и болници во Република Македонија.

Затоа почитувани пациенти дојдете да гледате сеир и да се шашардисате од смеење, како што се шашардисаа првите 1600 гледачи на 4ти Ноември.


Кој ќе добие пареза од смеење ќе оди во бања, со градски дупли автобус на сметка на фондот за здравство веќе следниот вторник или петок, сеедно. 


Неверојатна авантура во која Саше со ешерихија, отечено јајце и хемороиди ќе влезе во македонскиот здравствен систем.


Билетите можете да ги најдете на сите продажни места на ККЗС и тоа до 20ти Ноември по цена од 200 денари, од 20 Ноември до 3ти Декември по цена од 250 денари.