Music is Music

“Music is Music” е еден од серијата експериментални настани кој има за цел да промовира необично, речиси “вонземско”, доживување, каде што се формира синтеза од класика проследена со електронски звуци, кои морфираат во потполно нов звук и во неповторливо искуство креирано од Jeff MIlls.

Листата на пионери во музичката сцена во последните 30 години несомнено го вклучува и Jeff Mills, кој е основач на Underground Resistance, кој учествува во градењето на идеологијата на продукцијата, со партнерите "Mad" Mike Banks, Robert Hood.

Во последните години, тој ја редимензионира електронската музика, правејќи ја речиси вонземска. Неговите изданија во рамки на UR (вклучувајќи ги "The Punisher" и "Seawolf") се разголени и ератични, фузирајќи елементи на хардкор acid и индустриско техно кои и прилегаат на Детроитската естетика. 

Jeff Mills е и првиот продуцент кој започнува низа на проекти работејќи со класични музичари, од јams со саксофонистот Emile Parisien, до истражување на соларниот систем со целосен симфониски оркестар (Orquestra Sinfónica do Porto Casa da Músi).

Настапува и со Tokyo Philharmonic Orchestra, и има настап во Монпелје, во музејот Lоuvrе, а неговиот исклучителен придонес на електронската музичка сцена и културно издигнување и непроценливото творештво награден е со медал за заслуги од министерството на република Франција.

Забавата со Jeff Mills ќе се одржи на плажа Парк во Охрид, веднаш по спектаклот на “Тhe Originator”, каде ќе биде претставено комплетно различно музичко доживување во летен амбиент и неповторлива атмосфера на крајбрежјето на Охридското езеро.

Локална поддршка на настанот ќе бидат Самоил Радински и Uzun Brothers.

Цена на влезница за Jeff Mills до 27 јули - 600мкд, потоа 800мкд.