Muse@Sziget
MUSE
Live in budapest
Спектакуларен настан на втората фестивалска вечер на Sziget festival 2016
П Р О Г Р А М А
ПРВ ДЕН, среда, 10.08.2016. Поаѓање од Македонија попладне (Штип 17 часот, Скопје 18.30 часот). Ноќно возење преку Србија со неколку паузи по мотелите.
ВТОР ДЕН, четврток, 11.08.2016. Пристигнувае во Будимпешта околу 10 часот. Слободна прошетка по Центарот (промена на пари, одмор од патот...). Сместување во хотелот во 13 часот. Одмор од патот до 17 часот. Од 17 до 21 часот разгледување на знаменитостите на Будимпешта: Стар Будим, Цитадела, Споменик на Милениумот. Слободна вечер со можност за избор помеѓу вечерна шема низ Центарот на градот или посета на НУЛТАТА фестивалска вечер на Сигет каде што неговото свечено отварање годинава ќе отпочне со спектакуларниот настап на Светската мега-ѕвезда РИЈАНА (факултативно, дневна карта 65 евра). Во 1 часот по полноќ собирање на групата на договореното место и враќање со автобусот во хотелот. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН, петок, 12.08.2016. Појадок. ... Слободен ден со можност за избор на некоја од многубројните содржини што ги овозможува Будимпешта. Наша препорака (факултативно): СПА ЦЕНТАР на отворено на самиот извор на термални води на Маргаритиниот остров (10 евра), возење со брод по Дунав (15 евра), Зоолошка градина (5 евра), Луна парк... или просто уживање во Градскиот парк (Varos Liget) или Маргаритиниот оствов (Margit Sziget) Слободна вечер со можност за избор помеѓу вечерна шема низ Центарот на градот или посета на следната (првата) фестивалска вечер на Сигет (факултативно, дневна карта 65 евра). Враќање во хотелот околу полноќ. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН, сабота, 13.08.2016. Појадок и напуштање на хотелот. СОПСТВЕН ИЗБОР за помин на денот во Будимпешта со можност за шопинг во некој од бројните молови или за релаксација по некои од спомнатите места од претходниот ден. Во 17 часот собирање на групата и трансфер до Капијата на СИГЕТ Фестивалот со можност зa следење на концертот на култната група MUSE како главна ѕвезда на втората фестивалска вечер. Еден час по завршувањето на концертот, собирање на групата кај автобусот и поаѓање кон дома. Ноќно возење преку Србија со повремени паузи по мотелите.
ПЕТТИ ДЕН, недела, 14.08.2016. Пристигнување во Македонија во попладневните часови.
ЦЕНА ВО ПРЕТПЛАТА
12670 мкд
Аранжманот опфаќа:
*Целокупниот автобуски превоз наведен во програмата
*2 ноќевања со појадок во хотел Хунор (***), (извонреден хотел во Северниот дел на Будим, еден од најубавите делови на Будимпешта, рекреативна зона покрај самиот Дунав,)
*ВЛЕЗНИЦАТА за Втората вечер на SZIGET 2016 односно концертот на MUSE
Аранжманот не опфаќа:
*меѓународното патничко осигурување можете да го купите во агенцијата каде што го купувате аранжманот
*факултативните понуди од програмата
- За реализирање на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
При купување на пакет арнжманот задолжително испратете ги вашите име и презиме, број на пасош и контакт телефон на contact@kupikartizase.com