MUSE
MUSE
& NOTHING BUT THIEVES
АТИНА, Олимписки стадион, 29.06.2022
********
Сите што имавме обезбедено влезници за концертот на RHCP закажан во Атина за јуни 2020, а поради пандемијата од Ковид-19 одложен за јуни 2021 и конечно откажан кон крајот на летото 2021, за кои грчкиот организатор под разни изговори не ни ги рефундира парите за картите, знаеме дека на крајот ни овозможи замена на истите за настан со отприлика „иста тежина“, концерт на култната група MUSE со предгупа NOTHING BUT THIEVES на Олимпискиот стадион во Атина, велелепно здание градено специјално за Олимписките игри во Атина 2004.
Концертот е закажан за 29 јуни 2022.