MotoGP Brno
MotoGP
Брно, Чешка,
02-06.08.2018
ПРОГРАМА
Прв ден, четврток, 02.08.2018
Поаѓање од Штип (15.30) и Скопје (17 ч Паркинг пред Хотел ВИП, спроти Скопски саем). Ноќно возење преку Србија, Унгарија и Словачка кон Брно (Чешка) со повремени паузи по мотелите.
Втор ден, петок, 03.08.2018
Пристигнување во Хустопече (15км пред Брно) во утринските часови. Чекирање во хотелот, краток одмор и продолжување на патот до Стазата Brno Circuit претпладне. Купуавање влезници, следење на активностите (тренинг сесија) и можност за прошетка околу патеката до попладневните часови. Враќање во хотелот околу 17 часот и попатно краток одмор во шопинг зоната на Брно (неколку огромни и извонредно снабдени молови). Враќање во хотелот предвечер, слободна вечер … ноќевање.
Трет ден, сабота, 04.08.2018
Заминување на Автодромот околу 10 ч (попатно, по сопствена желба некој може да остане во Брно). Следење на активностите на патеката до 16 часот, враќање во Центарот на Брно околу 17 ча и кратрок попладневен одмор во разгледување на неговите знаменитости и уживање во преполните плоштади со туристи од цел свет, дојдени овде токму поради Мото ЏиПи.. Враќање во хотелот во вечерните часови. Слободна вечер … ноќевање.
Четврти ден, недела, 05.08.2018
Одјава и напуштање на хотелот околу 8 часот и заминување на Автодромот. Следење на активностите пред Главната трка и Главната трка до 17 ч, собирање на групата на однапред закажано место и заминување кон дома. Ноќно возење преку Словачка, Унгарија и Србија со повремени паузи по мотелите.
Петти ден, понеделник, 06.08.2018
Пристигнување во МК претпладне
ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 10900 ден
Аранжманот опфаќа:
*комплетен превоз (автобус или минибус) на наведената релација според програмата
*2 ноќевања во Хотел(**) во градот Хустопече на 15 км пред Брно
*организација на патувањето
Аранжманот не опфаќа:
*ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА ТРКАТА
(ГАРАНТИРАНО ги обезбедуваме на лице место по цена на денот (околу 100 евра викенд пакет или 75 евра само за неделата). Станува збор за влезници од типот ЏЕНЕРЛ АДМИШН, трибините се значително поскапи.
* меѓународното патничко осигурување (може да го уплатите во туристичката агенција од каде што го купувате аранжманот)
- За реализирање на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
*задолжително да испратете ги своите име и презиме, број на пасош и контакт телефон на contact@kupikartizase.com