MotoGP, BRNO 2016
MotoGP, BRNO 2016
Петдневен аранжман со превоз три дена престој и 2 ноќевања (**)
во непосредна близина на Брно (Чешка) и тркалиштето
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
Прв ден, четврток, 18.08.2016. Поаѓање од Штип и Скопје напладне (времето и местото ќе бидат накнадно прецизирани). Ноќно возење преку Србија, Унгарија и Словачка кон Брно (Чешка) со повремени паузи по мотелите.
Втор ден, петок, 19.08.2016. Пристигнување во Блучина (8км пред Брно) во утринските часови. Чекирање во хотелот, краток одмор и продолжување на патот (уште 20 км) до Стазата Brno Circuit претпладне. Следење на активностите (тренинг сесија) и можност за прошетка по боксовите до попладневните часови. Враќање во хотелот околу 17 часот и краток одмор. Заднички вечерен излез по сопствен избор или на патеката (каде што е концентрирана извонредна ноќна забава од сите видови) или во Центарот на Брно. Враќање во хотелот околу полноќ... ноќевање.
Трет ден, сабота, 20.08.2016. Заминување на Автодромот околу 10 ч (попатно, по сопствена желба некој може да остане во Брно). Следење на активностите на патеката до 16 часот, враќање во хотелот околу 17 ч и кратрок попладневен одмор. Заднички вечерен излез по сопствен избор или на патеката (каде што е концентрирана извонредна ноќна забава од сите видови) или во Центарот на Брно. Враќање во хотелот околу полноќ... ноќевање.
Четврти ден, недела, 21.08.2016. Одјава и напуштање на хотелот околу 10 часот и заминување на Автодромот. Следење на активностите пред Главната трка и Главната трка до 17 ч, собирање на групата на однапред закажано место и заминување кон дома. Ноќно возење преку Словачка, Унгарија и Србија со повремени паузи по мотелите. паузи преку Србија.
Петти ден, понеделник, 22.08.2016. Пристигнување во МК во пладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ = 10.900 денари
Аранжманот опфаќа:
*Целокупниот автобуски превоз на наведената релација заедно со сите трансфери од хотелот до Автодромот Brno Circuit како и до Центарот и знаменитите места на Брно.
*2 ноќевања (без појадок) во прекрасниот пансион Vinařství Hanuš (***) кој се наоѓа во склоп на истоимениот вински подрум со повеќевековна традиција во градчето Блучина на 7 км пред приодот на Брно и 17 км од Автодромот, прекрасно мало градче со повеќевековна традиција во производство и на пиво (брендот XAVER) и на вино ...
*организацијата на патувањето со 24 часовно професионално водство
Аранжманот не опфаќа:
*влезницата за трките која се добива на лице место на шалтерите пред Автодромот и чини 60 евра само за неделата или 70 евра викенд-пакет, категорија General Admission
*меѓународното патничко осигурување можете да го купите во агенцијата каде што го купувате аранжманот
- Цената е загарантирана за уплати до 1 јуни 2016, потоа може да биде променета во зависност од повеќе фактори кои влијаат на истата
- За реализирање на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
При купување на пакет арнжманот задолжително испратете ги вашите име и презиме, број на пасош и контакт телефон на contact@kupikartizase.com