MORRISSEY

MORRISSEY доаѓа во Скопје !!!

morrissay

Великанот на британската и светската музичка сцена, Morrissey го оддржа зборот, доаѓа во Скопје!

Со огромно задоволство сакаме да Ве информираме дека на задоволство на многу фанови во Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Косово … Авалон продукција договори концерт на еден од најголемите британски музичари на сите времиња, Steven Patrick Morrissey.

Ова е навистина ретка можност во Скопје да настапи артист од таков уметничко - артистички профил како Morrissey, фронтменот на Легендарните The Smits со кои сними 4 култни албуми кои денес се вклучени во сите можни музички енциклопедии, но и човекот кој со 10 албуми во својата соло кариера, секогаш е на врвот на сите музички топ листи.

„World Peace Is None of Your Business” – Последниот студиски албум на Morrissey, предизвика толку голем интерес во светски рамки што еден од највлијателните музички магазини “New Musical Express” објави специјален број посветен единствено за Morrissey, каде помеѓу другото го прогласи за артист кој има најдобра и најдостоинствена кариера од сите артисти кои предходно имале бенд. Додека магазинот “Music Week”во неделата на објава на албумот, го смени своето име во “Morrissey Week”.

morrissayБилети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.

Партер - 1000 мкд
Фан Пит - 1500 мкд
Трибини - 1200 мкд