MORRISSEY
MORRISSEY ЈА ПРОДОЛЖИ ЕВРОПСКАТА ТУРНЕЈА ПОРАДИ КОНЦЕРТ ВО БЕЛГРАД !!!
Со огромно задоволство ви најавуваме дека Авалон Продукција успеа да го убеди великанот на Британската музика - Morrissey да ја продолжи веќе затворената турнеја и после концертот во Истанбул на 7-ми декември, да го додаде Белград на 10-ти декември.
Еден од најголемите инди артисти на сите времиња, човекот кој според New Musical Express/ NME важи за артист кој направил најрепрезентативна и најдостоинствена соло кариера после распад на еден бенд (во случајот - феноменалнте The Smiths), ќе одржи концерт во Belexpocentar на 10-ти декември во Белград. Во оваа сала Авалон Продукција ги има работено Faithless, Thievery Corporation, James Blunt I Carl Cox и убедени се дека е тоа најдобар простор во Белград за претстојниот концерт на Morrissey.
Концертот на Morrissey во Белград е во оф програмата на проектот на Авалон – Belgrade Calling (кој оваа година ги имаше големите Iron Maiden и Billy Idol) за успешно затворање на годината во Белград.
Водеќи се од личната желба на Morrissey, Авалон овој концерт не го работи во арена туку го работи во мала интимна спортска сала со многу ограничен број на влезници.
Постојат многу причини за букирање на концерт, постојат многу причини за правење на концерт, а постојат и многу причини за одење на концерт. Да се донесе Morrissey, да се оди и да се гледа, има само една причина, а тоа е голем ќеиф.
Македонските фанови на Morrissey билетите ќе можат да ги набават преку продажната мрежа на Купи Карти За Се и online на www.kupikartizase.com по цена од:
ПАРТЕР - 1500 денари
ФАН ПИТ – 2000 денари
VIP ПАРТЕР – 2000 денари
ПРЕВОЗ - 2100 денари
Купи Карти За Се во соработка со Litium Globus Travel организира пакет аранжмани по следниве цени
Аранжман Партер - карта + превоз - 3500 денари
Аранжман Фан Пит - карта + превоз - 4000 денари
Аранжман VIP партер - карта + превоз - 4000 денари
НАПОМЕНА!!!
*посетителите кои ќе купат превоз карта или еден од пакет аранжманите задолжително да ги испратат своите име и презиме, број на пасош и контакт телефон на contact@kupikartizase.com
*во превоз билетот и пакет аранжманите не е вклучено задолжително патничко осигурување
*последен рок за купување на превоз билет или пакет аранжман е на 09.12.2014, до 14:00 часот
*поаѓање од Дрво Декор на 10.12 во 07:00