Monza GP F1 Italia 2016

MONZA GP FORMULA 1 ITALIA 2016

f1Петдневен аранжман со превоз, три дена престој и 2 ноќевања (***) во непосредна близина на Венеција и можност за следење на главната трка во неделата (04.09.2016)

ПРОГРАМА:

Прв ден, петок, 02.09.2016. Поаѓање од Штип и Скопје попладне (времето и местото ќе бидат накнадно прецизирани). Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија кон Италија со повремени паузи по мотелите.

Втор ден, сабота, 03.09.2016. Пристигнување во градчето Масанцаго (областа Венето, на пола пат помеѓу Венеција и Падова) во утринските часови. Чекирање во хотелот, краток одмор од патот. Во попладневните часови (факултативно) заминување во 4 часовна посета на Венеција (со локален автобуски превоз со цена на повратен билет од 4 евра) Враќање во хотелот околу 19 часот и краток одмор. Заеднички вечерен излез и прошетка низ центарот на Падова (20км од хотелот). Враќање во хотелот околу 23 ч, ... Ноќевање.

Трет ден, недела, 04.09.2016. Будење рано и заминување кон Монца во 7 ч наутро. Пристигнување во Монца околу 10 ч, обезбедување влезници по сопствен избор на благајната пред автодромот („Џенерал адмишн“ е околу 80 евра). Слободно до 17 ч. Собирање на групата во 17.30 и заминување кон хотелот со попатно кратко задржување и разглед во Верона. Пристигнување во хотелот во 22.30ч. ... Ноќевање.

Четврти ден, понеделник, 05.09.2016. Одјава и напуштање на хотелот околу 10 часот и заминување. Попатно 2 часа посета на OUT-LET шопинг-зоната Палма Нова и 3 часа посета на пограничниот град Трст, надалеку познат по својата долгогодишна шопинг-традиција. Собирање на групата околу 16 часот и заминување кон дома. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со повремени паузи по мотелите.

Петти ден, вторник, 06.09.2016. Пристигнување во МК во раните утрински часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ= 14400 денари

Аранжманот опфаќа:
*Целокупниот автобуски превоз на наведената релација во програмата
*2 ноќевања (без појадок) во наведениот хотел (***) во местото Масанцаго на 20км од Падова и од Венеција
*организација на патувањето

Аранжманот не опфаќа:
*
Влезицата за трката која се добива на лице место на шалтерите пред Автодромот и чини 80 евра (категорија General Admission) па нагоре, по сопствен избор
*Факултативните активности наведени и ненаведени во програмата
*меѓународното патничко осигурување (може да го уплатите во туристичката агенција од каде што го купувате аранжманот)

  • За реализирање на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
ВАЖНО!!!
При купување на пакет арнжманот задолжително испратете ги вашите име и презиме, број на пасош и контакт телефон на contact@kupikartizase.com
Пакет аранжманите се продаваат преку продажните места на Купи Карти За Се кои поседуваат лиценца за вршење на туристичка дејност и тоа: Скопје: 1/2 Jуготон, Гтц 1 кат, ТА Савана Центар, ТА Атлантис (Т.Ц. Бисер, Влае, Центар), Art Of travel, Asiba (спроти City Mall), ТА Стаф, Кисела Вода; Прилеп: ТА Атлантис; Битола: ТА Атлантис, Глобус Травел Сервис, Тео Травел ТА; Охрид: ТА Вис Пој, ТА Атлантис; Велес: ТА Мартин Травел; Куманово: ТА Јоцо Турс; Кичево: ТА Атлантис; Струмица: ТА Aтлантис, We Travel; Штип: ТА Атлантис, Еуротурс, We Travel; Струга: Турис Биро Полет; Тетово: ТА Атлантис, Патник-Вокер; Радовиш: ТА Атлантис; Кавадарци: ТА Атлантис; Крива Паланка: ТА Атлантис; Гевгелија: Дори Травел, ТА Атлантис; Кочани: Libero Travel; Приштина: Rave Travel;