MobileFirstMK
Македонските ентузијасти и инженери за мобилни апликации за прв пат во Македонија ќе имаат можност да го збогатат своето знаење од областа на развој на мобилни апликации на специјализирана конференија. Ќе бидат разработени теми од сите аспекти на создавање на квалитетна мобилна апликација - од нејзиниот дизајн, самото програмирање и нејзиното претставување на пазарот.
На еднодневната конференција освен излагањата на локални и странски предавачи, кои се докажани професионалци во својата област, присутните ќе имаат можност да учествуваат и во панел дискусија каде ќе се зборува за новитетите и насоките во кои се движи индустријата.
Настанот е поддржан од хрватската софтверска компанија FIVE, која го опслужува глобалниот пазар и во свото портфолио има клиенти како Rhapsody, Squarespace, Rosetta Stone и Ministry of Sound. Оваа компанија со повеќе од 100 инженери и тестери во Загреб, Осјек и Њу Јорк креираше и сопствен производ - Shoutem за кој во 2010 година добија ивнестиција, а денес им служи на повеќе од 3000 клиенти да креираат свои апликации.
Говорници (листата не е конечна):
Лука Абрус (Хрватска) - Извршен директор, FIVE
Горјан Јовановски (Македонија) - Софтвер инженер, FINKI
Стефан Цветановски (Македонија) - Софтвер инженер, Tabletmenukaart.nl
Александра Христов (Македонија) - Графички дизајнер, Netcetera
Дарко Булдиоски (Македонија)- Извршен директор, BuzzBaseME
Настанот е наменет за софтвер инженери, дизајнери, маркетери како и сите ентузијасти кои имаат интерес за нови технологии.
Билети во продажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се:
● Student - 490 денари
● Early Bird (до 22 март) - 690 денари
● Regular (од 23 март) - 990 денари
Напомена: За студентските билети потребна е студентска легитимација (индекс) на влез на денот на одржување на конференцијата. Картите се ограничени, местата не се нумерирани и не е можна резервација на места. Принципот е "прв дојден, прв услужен". Картата важи за присуство на предавањата во текот на целиот ден.
Датум: сабота, 4ти април 2015
Регистрација: од 10:00 до 10:30
Локација: ФОН Универзитет
Контакт: web: http://mobilefirst.mk| emal: info@epic.mk| mobile: (+389) 70 695 726