МИТАН - ПАТУВАЊЕ НА ПОЛНОЌ
Концертна промоција на новиот албум ПАТУВАЊЕ НА ПОЛНОЌ.
По „Македонски Рози“ и „Приказна за едно моме“, „Патување на полноќ“ е трето издание на МИТАН.
Концертот е снимен во Антички Театар на Охридско Лето па потоа миксан во Тралала Студиото на Мите Димовски. Гости на концертот ќе бидат хорот Злата Мегленска и Влатко Стефановски.
30 Ноември, Универзална сала, почеток 20:30
Билети во предпродажба по цена од 300, 400 и 500 денари преку продажната мрежа на Купи Карти За Се. Со секоја купена влезница од 500 денари следува подарок ЦД.