Milk and Sugar

milk and sugarMilk and Sugar наместо Rudimental на Orange Festival.
Организаторите на Orange Festival, со големо жалење известуваат дека настапот на Rudimental, е откажан од оправдани причини. Наместо нив на фестивалот на 2 август ќе настапат реномираните Milk and Sugar. Билетите за нив ќе изнесуваат 350 денари. Сите оние кои купиле влезница за Rudimental, ќе можат да влезат со истата влезница со што ќе добијат пијалок по избор. Оние кои сакаат можат да ги вратат влезниците на продажните места од каде што ги купиле. Оние кои купиле онлајн билети, нека ги пратат бројот на нарачката и датумот на трансакција на contact@kupikartizase.com и парите ќе им бидат вратени во рок од неколку работни дена.