Mike Watt + The Missingmen
Mike Watt + The Missingmen (САД)
Guess What (Англија)
L’Oeillère (Белгија)
24-ти март, МКЦ, 20:00
цена на билет: 250 ден
претпродажба во 1/2 Југотон и МКЦ!
Историјата на американскиот рокенрол доаѓа во Скопје. Во рамките на 45-дневната европска турнеа на 24-ти март во МКЦ за првпат ќе настапи легендарниот Mike Watt со неговите The Missingmen. Познат како ко-основач на антологиските бендови Minutemen, Dos и Firehose, како и басист на камбек составот на пионерите на панкот Stooges, Mike Watt е една од најмаркантните фигури на американскиот рокенрол на 80-тите и 90-тите, кој во својата 34годишна кариера соработувал со J Mascis and the Fog, Porno for Pyros, Sonic Youth, Pere Ubu, Beastie Boys, Glenn Branca, Petra Haden, Red Hot Chili Peppers, Banyan, Eddie Vedder, Dave Grohl, Spike Jonze и многу други. CMJ New Music го прогласи Watt за “епохален post-punk басист”, додека Bass Player Magazine во 2008. година му ја додели наградата за животно дело.
Во Скопје Watt ќе се претстави со неговиот последен post-Minutemen проект, триото The Missingmen, заедно со гитаристот Tom Watson и тапанарот Raul Morales.
Како поддршка на концертот во Скопје ќе настапат и Guess What и L’Oeillère.
Дуото Guess What се Luke Warmcop и Graham Mushnik, опскурни музички истражувачи од Лондон. Во постојана потрага по нови музички предизвици, Luke и Graham кокетираат со инструментална музика посветена на рускиот астронаут Јуриј Гагарин, soundtrack за четири имагинарни италијански филмови “Mondo Giallo”, како и неодамна најавениот албум посветен на персискиот математичар Al-Khawarizmi.
Зад името L’Oeillère се крие соло проектот на белгискиот, таканаречениот класичен акустичен “варварски” гитарист Nicolat Gardrat, исклучително талентиран и креативен гитарски визионер.