Металург - Вакер Тун
На ден 27.11.2013 година (среда) во 12 часот ќе стартува продажбата на влезниците за натпреварот од 7-то коло од Лига на шампионите помеѓу Металург и швајцарскиот шампион Вакер Тун.
Цените на влезниците се идентични како на претходните натпревари од групната фаза од лигата на шампионите.
Влезниците ќе се продаваат во сите продажни места на „КупиКартиЗаСе“ во Скопје и цела Македонија и секако онлајн на www.kupikartizase.com .
Натпреварот против Вакер Тун ќе се одигра на ден 1.12.2013 година (недела) со почеток во 18 часот.