Металург - Вардар
На ден 9.11.2013 година (сабота), со почеток во 12 часот, ќе почне продажбата на влезници за натпреварот меѓу Металург и Вардар, во рамките на 5. коло од Лигата на шампионите.
Цените на влезниците се исти како на претходните натпревари и се движат од 150 до 200 денари, во зависност од местоположбата.
Во продажба ќе бидат пуштени вкупно 2.200 влезници, бидејќи претходно се веќе продадени 3.000 сезонски билети, а надвор од продажба е и ВИП-блокот. Останатите влезници, во блоковите Б1 и Б15, се резервирани за навивачките групи на Металург и на Вардар, според договорот постигнат меѓу двата клуба. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во продажните места на „КупиКартиЗаСе“, во Скопје и цела Македонија, и онлајн на www.kupikartizase.com .
Претстојните дуели во Лигата на шампионите, меѓу екипите на Металург и на Вардар, ќе бидат под специјална безбедносна контрола на ЕХФ. Овие две средби, ЕХФ ги нарече историски, бидејќи првпат играат екипи од ист град, ќе бидат контролирани од специјален делегат за безбедност, Белгиецот Клаус Дитер Конвенц. Поради тоа челниците на клубовите решија да ја ограничат продажбата на максимум 4 билети по лице. СЦ "Борис Трајковски" веројатно ќе биде пресетен да ги прими сите оние кои сакаат во живо да присуствуваат на овој историски дуел. Затоа набавете си влезница на време.
Спортски поздрав