Металург во Лигата на Шампионите!!!

metalurg

Металург се пласира во групната фаза на Лигата на шампионите, а нашите фанови ќе имаат можност да го бодрат во шест средби, кои ќе се играат во СЦ Борис Трајковски, најракометната сала во Европа...
РК Металург се дел од групата “Ц“ (како и претходните две сезони), која со право се смета за најтешка во Лигата на шампионите. Барселона, Пари Сен Жермен, Динамо Минск, Вардар и Валкер Тун се доволен предизвик за секого. Со три од овие екипи, РК Металург имаат и претходно европско искуство. Така, во историјата на нашиот фаворит забележани се два порази од Барселона во 2008 година (30:19 и 29:22), победа (27:18) и пораз (21:27) против Пари Сен Жермен (тогаш Париз) во 2009 година, и две победи (26:23 и 24:22) и пораз (21:27) против екипата на Динамо Минск.
Билетите за натпреварите ќе бидат навремено пуштени во продажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.