Металург - Борац Б. Л.

Денеска почнува продажбата на влезниците за натпреварот Металург – Борац БЛ, во рамките на Гаспром регионалната (СЕХА) лига. Влезниците ќе се продаваат во сите продажни места на “КупиКартиЗаСе“, во Скопје и низ Македонија, како и онлине. Влезниците се по единствена цена од 100 денари. Kако и досега, за имателите на сезонски влезници влезот е слободен.

Натпреварот Металург – Борац БЛ се игра во СЦ “Борис Трајковски“, на 4 февруари, со почеток во 17.45 часот.

Напомена: Во Скопје Сити Мол престана да работи продажното место во Динерс клубот. Сега во Скопје Сити Мол влезниците можат да се набават во книжарницата “Мамут“, на втори кат. Исто така в недела работат и продажните места во книжарница “Мамут“ на ул. Македонија и во Веро Центар (7Д кино).

натпревар