MASSIMO SAVIC
Со огромно задоволство сакаме да Ве информираме дека на 07 ноември со почеток во 21 часот,
во Универзалната сала во Скопје, ќе се одржи голем концерт,
на еден од најдобрите машки вокали на Балканот на сите времиња Mассимо Савич.
Mассимо во Македонија пристигнува во склоп на неговата Балканска турнеја, на која го промовира својот нов албум ”Додирни ме случајно”, но секако голем дел од репертоарот е посветен и на огромниот број хитови од неговите предходни албуми.
Во Скопје, Mассимо пристигнува со својот бенд од 6 членови кој го сочинуваат: Далибор Пипо Матошевиќ - гитара, Марко Матошевиќ - тапани, Александар Саша Исмаиловск - клавијатури, Борис Попов - перкусии, Горан Делаќ - бас и Марко Фирст - виолина и акустична гитара.
Во својата долгогодишна кариера, прво со својот бенд ”Dorian Gray”, а потоа со соло кариера, Mассимо има издадено 8 студиски албуми и неколку компилации со најдобри хитови. Соработувал со врвните музичари и композитори од балканските простори Арсен Дедиќ, Зоран Предин, Зринко Тутиќ, Зденко Руњиќ, Никша Братош и многу други.
Билети во продажба од понеделник 15 октомври, во музичката продавница Пола Југотон, ГТЦ 1 кат и онлајн преку Купи Карти За Се, по цена од 500 и 600 денари.