Марјан Коцев
На 11.04.2014 во Универзалната сала во Скопје со почеток во 20:30 часот, РОСА ПРОДУКЦИЈА организира голем музички спектакл - прв солистички концерт на естрадниот уметник МАРЈАН КОЦЕВ. Концертот се одржува по повод одбележувањето на 20 годишнината од неговата музичка кариера. На задоволство на неговите обожаватели, концертот ќе биде изведен во живо, во придружба на најреномираниот оркестар - ДРИМ ТИМ. Воедно концертот ќе биде збогатен и со гостување на реномираниот македонски пејач Ефто Пупиновски.
Билети во предпродажба во музичката продавница Пола Југотон, по цена од 250 денари.