Mariza
По пауза од една и пол година, фадо кралицата - португалската пејачка Mariza се враќа на сцената. Кон крајот на годината таа подготвува мини европска турнеја, која ја вклучува и Бугарија.
На 1 декември, во Националната палата на културата, таа ќе пее за балканските фанови кои останаа заробени во нејзината сензуална музика и уметничка харизма.
Цените на билетите изнесуваат 1750, 2050, 2650 и 3350 денари.
Организираниот превоз изнесува 1550 денари.
Билетите можете да ги купите онлајн преку Купи Карти За Се.