MARIOVO OFF-ROAD EXPERIENCE: ENTER THE WILDERNESS

По петти пат се одржува аутдор фестивалот

MARIOVO OFF-ROAD EXPERIENCE: ENTER THE WILDERNESS

mariovo off road experienceТерминот е последниот викенд во мај (од 27 до 29). Посетителите ќе имаат можност да уживаат во тридневна програма што вклучува: прикажување на филмови со аутдор содржина, забава на отворено со диџеи и бенд и пет спорта: велоспедизам, планинско трчање, планинарење, аеробик и болдеринг.

Во склоп на фестивалот ќе биде изведен и Rural Bootcamp Bubalo во кој што учество можат да земат сите пријавени посетители.

Стартот на велосипедските тури е предвиден за во 10 часот на регионалниот пат за Витолиште (ќе биде убаво обележан).
Планинското трчање и планинарењето ќе започнат во 9 часот од кампот.


*Секој учесник на спортските активности изјавува дека ги прифаќа условите на организаторот и дека е во полна физичка и психичка подготвеност земајќи ги предвид сите можни опасности за времетраење на настанот. Сите учесници настапуваат на сопствена одговорност.
*Сите учесници настапуваат на сопствен ризик.
*Со стартување учесниците се согласуваат дека организаторот не одговара за постапките на учесниците кон самите себе ниту кон другите учесници.
*Секој спортист прифаќа целосна одговорност дека организаторот или кој било друг од организацијата не презема никаква одговорност за каква било повреда или штета по личната сопственост пред, за време или после спортските активности.
*Секој учесник прифаќа и одговорно изјавува дека нема да добие никаква финансиска компензација за фотографиите, снимките или интервјуата направени за време на фестивалот доколку организаторот подоцна ги искористи за свои промотивни или други цели.
*Организаторот не прифаќа никаква одговорност во случај на снемување на вредни предмети на учесниците.
*Организаторот го задржува правото за измена на рутата и времето во кое било време и промените ќе бидат навремено објавени пред стартот на спортските активности.

Забрането учество на малолетни лица, освен во присуство на родител или старател!!!


Опрема: за учество неопходно е носење на заштитна кацига и технички исправен планински велосипед.
И оваа година организаторот добива огромна поддршка од Општина Прилеп.

Информации на телефон: 078-400047 Боби

Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по цена од 600 денари.

ПРОГРАМА:

ПЕТОК, 27.05
19:00 Пристигнување на гостите
21:00 Отворање на фестивалот
21:15 - 22:00 Кино Вечер

САБОТА, 28.05
11:00 Пристигнување на гостите и поставување на кампот
10:00 - 20:00 Болдеринг
15:00 Музичка Програма
15:00 - 19:00 Bubalo Boot Camp

НЕДЕЛА, 29.05
08:00 Будење на кампот
09:00 Старт со планинското трчање и планинарење
10:00 Старт со велосипедските тури
10:00 - 20:00 Болдеринг
15:00 - 17:00 Ручек за учесниците



******************************************************************************

mariovo off road experience 1We are proudly announcing the fourth in a row outdoor festival MARIOVO OFF-ROAD EXPERIENCE: ENTER THE WILDERNESS in the last weekend of May. The participants will enjoy the three day program which includes: outdoor movies, photo exhibition, open-air party with DJs and a band, and four sporting activities: cycling, trail running, mountaineering and aerobic. The festival also includes the Rural Bootcamp Bubalo which can be attended by all registered participants.

*Each participating athlete in the event declares that they accept the terms of taking part and that they are in full physical and psychological health taking into account all possible dangers involved in participation.


Pre sale tickets on www.kupikartizase.com
Price: 600 mkd