MARCELO | Filteri

SUN PRODUCTION и клубот ХАВАНА со особено задоволство Ви го претставуваат и третиот концерт за оваа сезона на најурбаниот подиум...
На Ваше барање во Скопје гостува

marceloMARCELO со своите FILTERI

и специјалниот гостин виолинистот:
FILIP KRUMES

Сабота 9 април
Клуб ХАВАНА (Дом на градежници Скопје)
Старт: 23:00 часот

Експериментирањето во областа на хип хопот за Марчело никогаш не било далечно. Уште пред една деценија тој беше обвинет за „ерес“ од страна на тврдокорните љубители на овој музички жанр, кога за првпат ќе воведе свирење на музички инструменти во живо на неговиот втор албум „PUZZLE SHOCK“ Во песната "Uskurativna" од тој албум Марчело поставува нови стандарди во жанрот за овие простори, и тука се гледаат првите траги од неговата фасцинираност од слободните форми на џез музиката.

Марчело никогаш не криел дека во слободно време слуша музика која и нема многу врска со хип хопот. Неговото последно издание "Napet šou" кое до денес е продадено во повеќе од 12 000 примероци, под влијание на главниот композитор и долгогодишниот соборец на Марчело, Раде Склопич Раид на светло донесе многу повеќе џез обоени нумеро споредено со неговите претходни албуми. Помеѓу музичките соработници на неговиот најнов албум "Napet šou", најбројни се припадниците на српската џез сцена, предводени од Александар Јованович Шљуко, Филип Крумес, а учеството на Мише Балм во албумот и за жал најверојатно едно од последните забележани снимки од овој великан на југословенската џез сцена, само дополнително го потврдува тој факт.

Марчело на скопскиот концерт во клубот ХАВАНА, во друштво на своите ФИЛТЕРИ и виолинистот Филип Крумес ќе претстават еден поинаков штимунг на Вашите омилени песни.

Марчело очигледно се наоѓа во период кога ниту еден предизвик не претставува непремостлива препрека, а за скопската публика овој концерт ќе биде одлична прилика на дело да провери колку созреал еден од најдобрите млади автори на овие простори.

Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по цена од 300 денари.