Македонија - Португалија
Во второто коло од квалификациските дуели за Европското Првенство 2014, репрезентацијата на Македонија ќе ги измери силите со репезентацијата на Португалија.
Натпреварот ќе се одржи на 16 Јуни, во спортската сала Борис Трајковски, со почеток во 20:30 часот. Вратите за влез на натпреварот се затвораат во 20:00 часот.
Цените на билетите за претстојниот натпревар се следни:
За блоковите 1, 2, 3, 4, 5, 11, 12, 14, 15 и М1, М2, М3, М4, М12, М13, М14 и М15 цената на билетите изнесува 300 денари.
За блоковите 6, 7, 8, 9, 10 и М7, М8, М9 и M16 цената на билетите изнесува 200 денари.
Напомена!!!
Купените онлајн билети можете да ги замените за реални карти, во продажното место на Купи Карти За Се, КупиКарти.Ком во City Mall, секој работен ден од 10 до 22 часот или на денот на натпреварот (16.06) на билетарата на спортската сала Борис Трајковски од 19:30 до 20:30 часот.