M3CONFERENCE
M3CONFERENCE - Конференција за Компјутерска графика и Анимација - едукативни предавања од страна на странски професионални и истакнати лица од ИТ индустријата, меѓу кои се вбројуваат влијателни личности од светот на компјутерската графика, вклучувајќи ги 3Д областа, анимацијата, филмската продукција, производството на игри, виртуелната реалност. Преку овој настан и преку обучувањето на младите специфично во 3Д полето, би сакале да ја разбудиме нивната љубопитност кон 3Д моделирањето, анимацијата и креирањето на филмови и видео игри, кои се растечки ИТ струки, а се значително дефицитарни. Меѓутоа за да се стави поголем акцент и вредност на знаењата со кои ќе се стекнат младите, професионалците кои ќе одржат едукативни предавања ќе покажат реална работа на вистински проекти и примена на знаењето, како и можноста за надградба на истото. Со ова се стремиме кон стекнување на квалитети за работа во тим и стекнување работна навика кај младите, вештини за зголемена ефикасност, како и создавање на ‘mindset’ за своеволна лична понатамошна надградба на знаењата кон ИТ технологиите.
Овие тридневни едукативни предавања од угледните стручни странски професионални лица ќе се одржат во Македонската Филхармонија (големата концертна сала), на 20,21 и 22 Март 2020.
Билети во предпродажба по промотивна цена од 1199 мкд до 01.03, потоа цената ќе изнесува 1399 мкд.