LOVEFEST EXPERIENCE - SOLD OUT
Во годината кога се одбележува 10 годишнината од фестивалот, Lovefest со гордост ви го најавува уникатното музичко доживување... Откријте како звучи кога на сцена ќе се спојат еден од најпознатите техно дј-и Jeff Mills и симфонискиот оркестар на РТС.
На 24 ноември со овој настан #LoveFest ќе одбележи #decadeoflove
Минатогодишното издние на фестивалот, кое беше посетено од над 70 000 посетители ги мотивираше челниците на Love Fest да го создадат Lovefest Experience, фузија од музички жанрови, аудио-визуелно доживување за сите сетила, како огромна благодарност за 10 годишната подршка што ја добиваат од публиката.
На Lovefest Experience годинава ќе настапи најпознатиот Детроит техно dj и основач на Underground Ressistance, Jeff Mills, меѓу фановите познат како музички гениј, а меѓу колегите како личност која секогаш ги поместува веќе постоечките и поставува нови музички стандарди. Jeff Mills за себе секогаш вели дека суштината на неговите настапи ја наоѓа во експериментирањето со идеите и обидот секоја нова интеракција со публиката да биде поинаква и уникатна... А за претстојниот настан не се очекува да понуди ништо помалку екстравагантност и егзибиционизам.
Симфонискиот оркестар на РТС претставува темел на Белградската музичка сцена. Во еминентен состав, а под палката на Bojan Suđić, ќе го придружуваат Jeff Mills на овој уникатен настан.
Билетите за претстојниот настан може да ги купите преку продажната мрежа на Купи Карти За Се
Regular - 1400 мкд
Fan Pit - 2000 мкд
VIP - 4100 мкд
Gold VIP - SOLD OUT
Превоз - 2100 мкд