Љубојна
Со посебно задоволство Радио Кафе Канал 77 го најавува концертот на Љубојна, група која го има обзбедено статусот на вистински бранители и реаниматори на македонската фолк музика. Концертот ќе се одржи на летната сцена на Радио Кафе Канал 77 во Штип, на 21 јули со почеток во 21:30 часот.
Радио Кафе Канал 77, 21 јули 2016 вие и Љубојна, Брас Фантази и виртуозите Исмаил Лумановски и Џамбо Агушев.
Предгрупа на Љубојна ќе бидат џез квартет Еквинокс.
Карти во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ државата, по цена од 250 денари.