Љубојна, музика на дланка ВТОР КОНЦЕРТ!!!

Љубојна најавува втор концерт!!!

ljubojna vtor koncert
Концертот што со големо нетрпение го очекувате, во едно специјално предновогодишно издание за вас! Љубојна која што со својата музика годинава стопли многу срца на концертите во Солун, Истанбул и низ цела Македонија, прогласена за најуспешна група за 2014 година од естрадниот магазин BackStage, со огромно задоволство ве поканува на ново концертно доживување "Љубојна, музика на дланка".

Повторно „Универзална сала“ ќе ечи од песна и радост со многу музика и најголемите хитови на Љубојна од последниот и од претходните ваши омилени албуми!

Ве очекуваме на 21 Декември (Недела), Скопје „Универзална сала“, почеток 20.30 .

Влезниците се во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за се’“, online на www.kupikartizase.com и билетарницата на „Универзална сала“ по цена од 350 денари.


univerzalna sala