Lepa Brena - Одложен

lepa brena

Балкан Медија, кои што се потпишуваат зад концертот на Лепа Брена закажан за 20 јуни на спортската арена Филип Втори, истиот го одложуваат на непределено време.

И од продукцијата и од менаџментот на Лепа Брена, велат дека моменталната ситуација во државата е причината поради која концертот кој што требаше да биде најголемиот музички спектакл летово, се одложува.

Секојдневните протести и блокади, се причината поради која Лепа Брена и нејзиниот тим одлучија дека периодов не е најдобар за спектакл од таков калибар.

-Жалам поради тоа што ова лето нема да се дружам со моите фанови од Македонија, но едноставно ситуацијата е таква. Воедно им благодарам на сите оние кои што одвоија средства за да навремено обезбедат влезница и им ветувам дека во најбрзо време ќе го одржам одложениот концерт, изјави Лепа Брена.

Сите оние кои што веќе купиле влезница, парите за истата можат да си ги вратат од продажните места каде што ја набавиле влезницата со приложување на фискална сметка. Оние кои купиле онлајн влезница треба да ги испратат бројот на нарачка и датумот на трансакцијата на contact@kupikartizase.com и парите ќе им бидат рефундирани.

За новиот датум кога ќе се одржи концертот на Лепа Брена, навремено ќе бидете информирани.