Илја Гринголтс и Петер Лаул

koncertИлја Гринголтс - виолина (Русија)
Петер Лаул - пијано (Русија)

Програма: Стравински, Моцарт, Штраус

19 Август 2012, Св. Софија, почеток 21 часот

Илја Гринголтс e еден од најинспиративните музичари на денешницата. Опишувајќи ги неговите изведби на делата на Бах како вчудоневидувачки и моќни, критичарите се особено импресионирани од неговата способност да ги трансцендира чисто техничките препреки и да им го понуди на слушателите бескрајното духовно богатство на музиката на Бах за соло виолина.

Петер Лаул е брилијантен пијанист, школуван во класата на Александар Сендлер на Конзерваториумот во Санкт Петербург. Неговите рецитали му носат бројни признанија и изведби во најпрестижните концертни сали во светот.

Цената на билетите изнесува 300 денари.