LAN Fest Conference 2011
Во периодот од 20 до 22 мај 2011 година ќе се одржи LAN Fest Conference 2011, настан кој ќе претставува сеопфатен собир на ИКТ експерти од Македонија.
Целта на овој ИТ настан, прв од ваква природа во Македонија, е креирање поефикасна интеракција помеѓу ИКТ бизнис секторот со останатиот бизнис сектор и широката јавност во Македонија, а иницијативата за негово одржување произлегува од недостатокот на сеопфатни собири на ИКТ експерти на локалниот пазар во областа на нови услуги и технологии, како и желбата на младите да бидат дел од дигитални фестивали.
LAN Fest Conference 2011 ќе се одржи во повеќенаменскиот центар „Борис Трајковски“, во периодот од 20 до 22 мај 2011 година. Настанот се состои од четири под-настани:
- Саем за информациони и комуникациски технологии
- Конференции, предавања и ИТ обуки.
- Најголемиот Дигитален фестивал во Јужна Европа
- Квалификации за World Cyber Games
Тродневните влезници чинат 300 денари и овозможуваат присуство на целата манифестацијата, на конференциите и предавањата и на вечерната програма. Присуство на конференциите/предавањата и обуките имаат предност тие што имаат тродневна влезница.
http://lanfest.mk/list/1/Conference.html
Карти за учество на дигиталниот фестивал чинат 600 денари, што значи Дигитален феситвал повеќе на http://lanfest.mk/exibitor/Digital-LAN-Festival.html