Креираме живот свесно

Пет различни животни приказни, пет искуства кои се поврзаа низ посветена работа на себе и со уште поголема желба за личен развој!
Сите се движиме, чекор по чекор, од една до друга цел, а личниот развој ни помага тоа да го направиме свесно и подготвено.
Поврзувајќи се со силата што ни дава живот, учиме да се водиме самите, го искусуваме светот на различен начин, реализираме идеи преку нови можности на остварување.
Осознавајќи се себеси, поставуваме цврста основа за остварување на сите цели, желби и предизвици!

На 14-ти септември 2019 година (сабота) во 19 часот придружете ни се во Јавна Соба (Public Room).
Дојдете заедно да креираме живот свесно!

Влезница: 300ден (со вклучен попуст за работилница и вклучена конзумација).

Агенда:
18:30-19:00 Регистрација
19:00-19:45 Претставување на клубот и запознавање со Сања, Билјана, Драгана, Даринка и Мирослав
19:45-20:30 Коктел