Песни од Коштана

Во организација на музичката куќа и продукција "СИЛ-ВЛА", во Дом на Арм-Скопје на 03.11.2018 год. од 20ч ќе се одржи голем, спектакуларен концерт Мјузикл ,,Песни од Коштана '' на Силви Бенд.

Овој перформанс влегува во вековните проекти со рустичноста и древноста од 19 век.

Концертот ќе биде вистинско доживување за сите сладокусци на убавата музика, исполнет со богати кореографии, прекрасни народни и традиционални носии, најубавите реплики на Митке и Коштана од истоимената драма, голем оркестар, многу фолклор и огромен перформанс на сцената со дваесетина луѓе.

Ликот на Коштана го толкува Силви, а Митке доајенот на македонската драма, Илија Струмениковски.

Билетите можете да ги набавите по цена од 450 и 550 денари во Купи карти за се.

Ве очекуваме заедно да ја доживееме забранетата љубов на хероината Коштана.

Не пропуштајте!