Конференција за инвестирање во недвижности

real estate conference

На 4-ти октомври, 2016 година,  Е-аукција.мк заедно со компанијата Knowledge Center ќе ја организираат првата Конференција за инвестиции во недвижности во Македонија. Главна цел на Конференцијата е да ги презентира трендовите на пазарот со недвижности во Македонија, да ги потенцира можностите кои постојат во овој сектор, како и да ги поврзе сите чинители од земјата и од надвор, кои работат во овој сектор.

До моментот, потврдени говорници на конференцијата се  д-р Анита Ангеловска Бежоска, Вицегувернер на Народна Банка на Република Македонија, Г-дин Славче Трпески, Директор на Агенцијата за катастар на недвижности, Г-дин Андреа Серафимовски, Претседател на Здружението на градежништво од Стопанска Комора на Република Македонија, и Г-дин Бранко Ѓуровиќ, основач и Проект менаџер на Е-аукција.мк.

Профилот на гости на конференцијата ги опфаќа градежните компании, агенции за недвижности, банките, осигурителните компании, проценителите, заинтересирани поединци за купување или продавање на имот, како и сите организации кои на некој начин се поврзани или заинтересирани за секторот за недвижности. 

Конференцијата ќе се оддржи во просториите на Хотел Буши, со почеток во 09:30 минути. Првиот дел од Конференцијата ќе ги опфати излагањата на говорниците кои се спомнати погоре, додека вториот дел ќе биде форум каде учесниците на Конференцијата ќе може да разменат мислења во врска предизвиците и можностите за инвестирање во недвижности во Македонија.

Местата се ограничени, а влезници може да се купат на Купи Карти За Се. На секои купени 4 карти добивате 1 гратис. За најнови информации околу настанот (Агенда, Говорници, Учесници на Форумот) посетете ја официјалната страна на Конференцијата http://www.macedoniarealestate.info.