КЛАСИКА ЗА ДЕЦА Концерт ,,Музика и танц"
Пламенка Трајковска - гудачки квартет
Специјален гостин Дедо Мраз
На 22 - ти декември во Салон 19.19. во КИЦ (Културно информативен центар) со почеток во 18 и во 19.30 часот ќе се одржат концерти за деца со класична музика. Концертите се наменети за деца од 3 до 14 години.
На концертот ќе настапи нашата позната виолинистка Пламенка Трајковска со својот гудачки квартет. Пламенка Трајковска е професионален музичар која долги години настојува класичната музика да ја доближи до најшироката публика. Таа е креатор на музичкото јадро Пламенка Трајковска - мали камерни состави со кои реализира бројни концерти. Таа е автор на албумот Апасионато кој претставува уникатен спој на класична музика и современи музички стилови а се продава на најголемите он лајн музички мрежи како Амазон, Ајтунс и Цдбебе.
Концертот Музика и танц ја објаснува музиката од барокот до денес низ одделните танци кои се играле во минатото. На концертот ќе бидат изведени композиции од Ј.С. Бах, ј. Иванов, Л.Бокерини, Ж. Бизе, Гардел и Офенбах.
Детскиот концерт има за цел да ја доближи класичната музика до најмладите преку близок контакт со музичарите во претпразнична атмосфера. Не пропуштајте да ги донесете децата на концерт и овозможете им преку мултимедијален и интерактивен концерт да ги откријат убавините на класичната музика !!!