КК Карпош Соколи - КК Црвена Ѕвезда

kk karpos sokoliСо особена чест и задоволство ја најавуваме следната соработка помеѓу Купи Карти За Се и КК Карпош Соколи. Отсега па натаму, билетите за претстојните натпревари на КК Карпош Соколи, кои ќе се играат на домашен терен, односно во ВИП Арена, С.Ц. Борис Трајковски, од регионалната АБА лига и Библ лигата, ќе можете да ги најдете преку нашата продажна мрежа.
Повеќе информации околу цените на билетите и датумите на натпреварите следуваат наскоро.
Останете со нас!

КК Карпош е формиран на 31 декември 1996 година. Од 2000/01 сезона клубот учествува во првата лига на Македонија и името на познатата кошаркарска академија "Соколи" е додадено на името на клубот. Од тогаш името на клубот е Карпош Соколи 2000 Скопје.

И покрај сите тешкотии во текот на изминатите децении, Карпош Соколи, благодарение на ентузијазмот и упорноста на нејзиниот основач Огнен Дедиќ, е еден од само неколкуте клубови кои успеале да го задржат континуитетот во високите натпревари, притоа не занемарувајќи ја и успешната работа со младите категории, кои беа и сеуште се заштитен знак на клубот од самите почетоци.

Од сезоната 2012/13 клубот почна да се развива со респектабилен интензитет. Секоја нова сезона на клубот е постигнување на подобри и подобри резултати.
Најуспешната сезона во историјата на клубот досега е 2015/16 сезона, кога клубот стигна до финалето на македонското национално првенство и полу-финалето на националниот шампионат на Македонија, откако заврши како вицешампион во регуларниот дел од сезоната.

За прв пат во својата историја, Карпош Соколи успеа да постигне резултат за промоција во АБА лигата за 2016/17 сезона, која се смета за најголем успех на клубот досега.

КК Карпош Соколи - КК Црвена Ѕвезда
14 февруари, почеток 19 часот
СЦ Борис Трајковски

 

sc boris trajkovski
Купи Карти За Се забранува било какви превземања на текстови и слики од оваа веб страна.
Сите превземања кои се без дозвола на Купи Карти За Се, ќе се сметаат за нелегални и
ќе бидат предмет на соодветна легална процедура!