KineNova Film Festival
Меѓународниот филмски фестивал „КинеНова Филм Фест Скопје“ е организиран да даде фокус на творештвото на филмските автори од целиот свет кои се на самиот почеток од своите филмски кариери.
Неговата цел е да открие нови авторски имиња кои надоаѓаат во светот на филмот и да им даде јасна поддршка и поттик, но и простор каде тие ќе ги претставуваат и афирмираат нивните филмски дебитантски дела, особено на оние кои преку ангажиран однос кон темите и авторскиот пристап ќе можат да понудат и една нова, понапредна визија за светот во кој живееме.
Авторите на избраните филмови за официјалната програма ќе бидат поканети да бидат дел од фестивалот како би ја претставиле идејата за своите филмови, филмските приказни и причината за личната ангажираност во истите, и со тоа фестивалот и градот Скопје ќе бидат простор каде новите филмски автори ќе се среќаваат и од каде ќе ја трасираат својата филмска патека.
Покрај главната програмска оска на фестивалот, ќе има многу дополнителни програми и содржини кои ќе го збогатат фестивалскиот живот и ќе овозможат на филмските создавачи да го надградат своето филмско знаење и искуство преку учество на панел дискусии, трибини, мастеркласи, работилници.
Се гледаме од 5-9 октомври!
Натпреварувачки Програми:
ФИЛМОВИ ЗА ГЛАВНА ПРОГРАМА
„Мајчина земја“, режија Сенем Тизен (Турција) – 2015
„Длабочини 2“, режија Огњен Главоњиќ (Србија) – 2016 | четврток, 6.10 | 18:00
„Фаќање“, режија Мика Маги (САД) – 2015 | сабота, 8.10 | 18:00
„Слава“, режија Петар Валчанов и Кристина Грозева (Бугарија) – 2016 | среда, 5.10 | 20:00
„Прекин“, режија Јоргос Зоис (Грција) – 2015 | четврток, 6.10 | 12:00
„Два лоза“, режија Паул Негоеску (Романија) – 2016 | петок, 7.10 | 20:00
„Бафало“, режија Кавех Сајад Хосеини (Иран) – 2016 | сабота, 8.10 | 20:00
„Пат за Ла Паз“, режија Франсиско Вароне (Аргентина) – 2015 | петок, 7.10 | 18:00
„Џонатан“, режија Пјотр Левандовски (Германија) – 2016 | сабота, 8.10 | 22:00
Дополнителни / Ревијални Програми На Фестивалот:
ПАНОРАМА НА СВЕТСКИ ФИЛМ
„Над и под“, режија Николас Штајнер (Швајцарија) – 2015 | недела, 9.10 | 18:00
„Земја на мини“, режија Мартин Зандвлит (Данска) – 2015
„Баталјон“, режија Дмитри Мешкиев (Русија) – 2015 | петок, 7.10 | 22:00
„Мина оди“, режија Јосеф Бараки (Авганистан) – 2015 среда, 5.10 | 22:30
„Фамилија“, режија Шумин Лиу (Кина) – 2016
БАЛКАНСКИ ПРЕГЛЕД
„Бурек“, режија Влада Николиќ (Србија, Грција, Америка) – 2016 | четврток, 6.10 | 20:00
„Татковина“, режија Олег Новковиќ (Србија) – 2015 | недела, 9.10 | 16:00
„Покрај мене“, режија Стеван Филиповиќ (Србија) – 2016
ПРВ И ПОСЛЕДЕН ФИЛМ НА ИСТАКНАТ АВТОР
„12:08 источно од Букурешт“ – прв филм на Корнелиу Порумбоју (Романија) – 2006
„Богатство“ – последен филм на Корнелиу Порумбоју (Романија) – 2016
СПЕЦИЈАЛНИ ПРОЕКЦИИ
Специјална проекција: „Смрт во Сараево“, режија Данис Тановиќ (Босна и Херцеговина) – 2016 | недела, 9.10 | 20:00
Специјална проекција: „Валентина“, режија Максимилијан Фелдман (Германија) – 2016 | четврток, 6.10 | 17:00
(филмовите кои немаат датум и саатница играат во Кинотека на Македонија и програмата за нив можете да ја најдете на www.kinenova.com)