Кики Лесендриќ и Пилоти

koncertБалкан медија со гордост ви го најавува големиот спектакуларен концерт на во моментов најпопуларните учесници од музичкото шоу Х-Фактор.

На 14 март во спортскиот центар Борис Трајковски, легендарните Кики Лесендриќ и Пилоти заедно со ѕвездите од Х-Фактор на концерт во Скопје. Освен Кики и Пилоти во Скопје доаѓаат и шармантниот Лукијан Ивановиќ, неверојатната Тамара Милановиќ, финалистот со најубавата насмевка Алекса Перовиќ, неповторливите Доктори и мега популарниот Даниел Кајмакоски.

Сите оние кои што овој 14 март ќе бидат во Борис Трајковски ќе имаат неповторлива можност освен со Кики Лесендриќ и Пилоти да се забавуваат и со финалистите во кои што се вљуби цел регион, да бидат дел и од настапот на ексклузивни гости кои што само ќе ја надополнат спектакуларната концертна атмосфера.
Влезниците од утре ќе бидат пуштени во продажба на продажните места на Купи Карти За Се како и во стандардните продажни места низ Скопје и цела Македонија: Пола Југотон, цвеќара Розе Веро 2, Камарад – Рамстор. Цената на влезниците до 5 март е: трибина – 400, партер – 350, фан пит – 700 и вип трибина до 8ми ред – 1000, од 9 - 13 ред по цена од 600 денари, 14-15 ред 500 денари.

mapa