Кик-бокс Мундијал во Скопје
Најдобрите светски кик боксери од утре ќе допатуваат во главниот град на Македонија, Скопје, за да учествуваат на 18-тото Светско првенство во кик бокс.
Борбите во „Спортскиот центар Борис Трајковски“ ќе се одржуваат во периодот од 26-29 октомври. На 26 и 27 месецов се квалификациските борби, на 28 е полуфиналето, а финалните мечеви ќе се одржат на 29 октомври.
Утрешниот ден, 26.10.2011 година влезот е бесплатен. Влезниците за утрешните настапи ќе треба да ги подигнете на билетарата на СЦ Борис Трајковски почнувајќи од 12:00 часот на пладне.
Цената на картите за 27,28 и 29.10 се по цена од 100 денари ќе можете да ги набавите покрај билетарата Борис Трајковски и во ½ Југотон во ГТЦ прв кат и Супер Тобако во Лептокарија.