Каролина во Борис Трајковски
Со големо задоволство Ве информираме дека големото затворање на најуникатниот македонски проект во изминативе 10 тина години - „Македонско девојче“ со Каролина ќе се случи на 13ти декемви во арената Борис Трајковски.
После распродадените 6 (шест) последователни концерти во Македонската Опера и Балет и распродадените концерти во Крушево, Македонска Каменица, Битола, Охрид... проектот пред да се рашири надвор од Македонија се враќа во Скопје каде финално ќе биде затворен на 13ти декември со голем концерт во Борис Трајковски.
На овој концерт Каролина ќе ги изведе повеќето песни од двата албума „Македонско девојче 1“ и „Македонско девојче 2“ заедно ... еден различен концепт од концептот виден во Македонската Опера и Балет во февруари оваа година.
Салата Борис Трајковски за таа пригода ќе биде специјално адаптирана во комплетно седечка формација во која и во партерот сите места ќе бидат за седење.
Билетите се со основна цена од 600,оо денари, како и ВИП Партер и ВИП Трибина со цена од 800,оо денари,
Влезниците за големото скопско затворање на проектот „Македонско девојче“ со Каролина во продажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се (освен во продажните места на Макпетрол) и online на www.kupikartizase.com.
