Каролина - Македонско Девојче

Историскиот проект „Македонско Девојче“  во историските локалитети и градови Хераклеа - Битола,  Антички театар - Охрид и градски парк Дојран

karolina goceva

Ве информираме дека Каролина со својот сега веќе историски проект „Македонско Девојче“, покрај настапите надвор од Македонија како Бугарија (Банско фест) и Србија (Егзит Фестивал) ќе одржи неколку големи концерти и во Македонија.

До сега потврдени се три концерти и тоа, на 23ти јули Каролина со својот бенд ќе има свој самостоен концерт во Битола во античкиот локалитет - Хераклеа, а следниот ден на 24ти јули Каролина ќе настапи во Античкиот тетар во Охрид. Оваа мини турнеја завршува на 2ри Август, кога Каролина на нашиот најголем национален празник ќе пее во Дојран во Градскиот Парк кој ќе биде голем празничен концерт за сите фанови од Дојран, Струмица, Гевгелија, Валандово....

Влезниците по цена од 300 мкд ќе можете да ги купите преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.