Каролина со „Македонско девојче 2“ во Битола и во Охрид!!!
Ве информираме дека Авалон Продукција закажа два промотивни концерти на Каролина со проектот „Македонско девојче 2“.
Битола/ Центар за Култура/ 24ти Октомври, почеток - 21:00 часот
Охрид/ Центар за Култура/ 25 ти Октомври, почеток – 21:00 часот
Концептот на овие концерти ќе биде истиот од промотивните концерти во Македонската Опера и Балет кои што се одржаа оваа година, во првиот дел од концертот во целост ќе биде изведен албумот „Македонско девојче 2“, а во вториот дел ќе бидат изведени песни од албумот „Македонско девојче 1“.
Влезниците во продажба по цена од 400 денари ќе бидат пуштени од 1ви Октомври, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.
Важно: Иако се работи за домови на култура со многу мал капацитет Авалон Продукција се одлучи овие концерти да бидат ексклузивни и единствени, што значи дека нема да има додавање на нови датуми. Ова ќе биде единствена шанса да се види Каролина во овие два града, со овој програм, во оваа календарска година.