КАРОЛИНА - Македонско Девојче 2

karolina koceva koncertВе информираме дека се прецизирани сите детали околу промоцијата на следниот проект на Каролина и еден од најдолго очекуваните албуми во историјата на Македонската музикаМакедонско Девојче 2.

Албумот Македонско Девојче 2 ќе излезе во слободна  продажба од 25 ти февруари низ цела Македонија.
Првите копии од новиот албум, ќе ги добијат посетителите на 5-те  концерти, кои ќе се одржат од 20 ти до 24 ти февруари во МОБ, кога со секоја купена влезница ќе добијат по еден примерок од албумот, на денот на концертот.

Цена на пакетот, влезница плус луксузно дигипак издание ќе биде 600 денари, а влезниците во продажба ќе бидат пуштени од вторник 10 ти декември.

Важно - Првиот сингл со наслов Чалгиска, од новиот албум Македонско Девојче 2, ќе биде објавен на 6 ти декември  точно во 21 часот на официјалната фејсбук страна на Каролина и фејсбук страната на Авалон Продукција.
mob mapa