Каролина Акустично
Почитувани, со огромно задоволство сакаме да Ве информираме, дека нашата најголема музичка ѕвезда Каролина, после 7 години, ќе има свој концерт во античкиот театар Хераклеа во Битола во склоп на Бит Фест 2013.
Концертот ќе се одржи на 28ми Јули во 21ч.
Како и нејзиниот последен концерт во Скопје и овој пат Каролина, пред Битолската публика за прв пат ќе се представи со својот бенд во акустична варијанта.
Билетите се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по цена од 200 денари.